Андросфарм Охрид е компанија која ги бележи своите почетоци уште во 1997 година.  Денес е еден од најголемите капацитети на Балканот за производство на производи од областа на куќна хемија и козметика.

Во производството користиме знаење и технологии од германските фирми Когнис, Кларијант и Дром, а сите суровини кои се користат во производствениот процес се од строго контролирано западно-европско потекло. Нашите производи не се тестирани на животни. Користиме суровини кои одговараат нс европските стандарди за заштита на човекот и природата, па не случајно нашето мото е - Пријатели на природата.

Во последниве години Андросфарм постојано има разни инвестиции во производните капацитети и има континуирано проширување на продажбата во соседните земји, а наскоро и пошироко.
Зголемувањето на побарувачката од година во година е уште една потврда за високиот квалитет, безбедноста и ефикасноста на произвоидте на Андросфарм.

Нашиот постојан раст и развој е резултат на работата на целиот тим на Андросфарм, кој континуирано се стреми за унапредување и промовирање на професионалноста и постојано работи на задоволување на потребите на потрошувачите.

Нашата најголема цел е да обезбедиме врвен квалитет, по прифатливи цени, како и унапредување на односите со купувачите,се со цел да одговориме на нивните барања.

Ние постоиме за Вас почитувани потрошувачи и АВАКС производите ги правиме со многу љубов !