АНДРОСФАРМ - Охрид е фирма која произведува најквалитетни производи од областа на куќната хемија и козметиката.
Во производството користиме знаење и технологии на германските фирми: Когнис, Кларијант, Дром и др. Користиме суровини од најпознатите европски производители со што нашите производи одговараат на европските стандарди за заштита на човекот и природата, неслучајно нашето мото е „ПРИЈАТЕЛИ НА ПРИРОДАТА“.
АНДРОСФАРМ има еден од најголемите капацитети на Балканот и наша задача е истиот да го искористиме целосно.
На домашниот пазар македонскиот потрошувач брзо го препозна квалитетот и секоја година нашето производство забележува раст од 20 до 30%. Исто така присутни сме на пазарите во Косово, Србија, Албанија, Црна Гора, а во блиска иднина и пошироко
Од АНДРОСФАРМ во наредниот период очекувајте уште многу пријатни изненадувања
НИЕ ПОСТОИМЕ ЗА ВАС ПОЧИТУВАНИ ПОТРОШУВАЧИ



